Фудбал

Финалето на Интерконтиненталниот куп ќе се игра во Доха

Финалето на Интерконтиненталниот куп ќе се игра во Доха

ПСЖ ќе ја брани титулата на 16 декември во Катар, а противникот ќе го дознае по завршувањето на двата преостанати натпревари од турнирот.

ФИФА официјално потврди дека финалето на Интерконтиненталниот куп за 2026 година ќе се одигра на 16 декември на стадионот „Ахмад бин Али“ во Ал Рајан, Катар.

Актуелниот европски шампион и бранител на трофејот, Пари Сен Жермен, ќе се соочи со победникот на „Челенџер купот“ во борбата за титулата. Францускиот гигант минатата година го освои Интерконтиненталниот куп и сега ќе се обиде да го одбрани трофејот.

Пред финалето ќе се одиграат уште два натпревари. На 9 декември, мексиканската Толука, освојувач на Купот на шампионите на КОНКАКАФ, ќе се соочи со победникот на Копа Либертадорес за 2026 година во дуелот наречен „Дерби на Америка“.

Победникот од тој натпревар на 12 декември ќе игра против јужноафриканскиот Мамелоди Сандаунс во рамките на „Челенџер купот“. Подобриот од овој дуел ќе обезбеди место во финалето против ПСЖ.

Двата натпревари пред финалето ќе се одиграат на стадионот „Џасим бин Хамад“ во Доха, додека завршната пресметка за трофејот е закажана за стадуоно „Ахмад бин Али“.

Катар трета година по ред ќе биде домаќин на завршницата од натпреварувањето. Во 2024 година трофејот го освои Реал Мадрид, додека минатата година ПСЖ славеше во финалето против Фламенго по изведувањето пенали.

Интерконтиненталниот куп ги собира континенталните шампиони, а ПСЖ веќе го чека својот последен противник во обидот да остане на врвот и во 2026 година.