Поранешниот светски шампион, Макс Ферстапен, прв ја мина целта на трката за Големата награда на Бахреин која се возеше на патеката Сепанг во Малезија.
Трката почна со големо одложување поради силниот дожд. А во текот на неа видовме различни стратегии со губи, две излегувања на безбедносното возило и драматична завршница во која најголем губитник беше Џорџ Расел.
Големата награда на Бахреин требаше да се вози уште во април, но беше откажана поради безбедносната ситуација и конфликтите на Блискиот Исток. Формула 1 и ФИА потоа најдоа заменско решение, па трката беше преместена на Сепанг и поместена за првиот викенд од октомври.
Така, Формула 1 за првпат по 2017 година се врати во Малезија, иако трката официјално сè уште се водеше како Голема награда на Бахреин. Сепанг беше вметнат во распоредот меѓу трките во Азербејџан и Сингапур.
Откако трката конечно почна, двата болиди на мерцедес излегоа први, имаа одличен старт, но по неколку круга Ферстапен најпрво го престигна Расел, а потоа и Антонели и искочи на лидерската позиција.
Најголем губитник беше Расел, неговиот болид откажа на пет кругови до крајот и остана без бодови. Хамилтон стигна до подиум завршувајќи на третото место.
Во топ 10 беа уште Леклер, Хаџар, Пјастри, Лоусон, Алонсо, Норис и Линдблад.
OUR TOP 10 IN SEPANG 👇 #F1 #BahrainGP https://t.co/DlVhWT8Pl6
— Formula 1 (@F1) October 4, 2026



