Фудбал

Феенорд пропадна, за Миовски има само една опција која му носи играње во Лигата на шампионите

Феенорд пропадна, за Миовски има само една опција која му носи играње во Лигата на шампионите

Во последните часови од трансфер преодниот рок, Миовски би можел да направи (не)очекуван трансфер.

Македонија би можела да добие свој фудбалер во главната фаза од Лигата на шампионите, одколку се случи Бојан Миовски да замине од Глазгов Ренџерс во последните денови од преодниот рок.

Имаше шпекулации за Феенорд, но тој најавуван трансфер не се случи, па сега македонскиот репрезентативен напаѓач се наоѓа на листата на желби на австрискиот тим ЛАСК Линц.

ЛАСК успеа да обезбеди пласман во групната фаза, откако во плеј-офот на сензационален начин го елиминираше тимот на Селтик, и сега е во потрага по напаѓач со кого ќе брка успех во најелитното европско клупско натпреварување.

Преодниот рок во Австрија трае до 3. септември, па на Миовски му останува уште утрешниот ден да го комплетира трансферот во австрискиот тим, и да ја смени средината. Останува нејасно дали ЛАСК би го земал Миовски на позајмица, или со перманентен договор.