Реклама
Arena Sport
Фудбал

Фанови на Реал го одбраа Димитриевски за да го оправдаат Вини и да докажат двоен аршин – погрешија! (ФОТО)

Фанови на Реал го одбраа Димитриевски за да го оправдаат Вини и да докажат двоен аршин – погрешија! (ФОТО)

Реал Мадрид го победи Виљареал, но триумфот го засени потегот на Винисиус Жуниор за кој не престануваат реакциите.

Фановите на кралскиот клуб се бесни на црвениот картон, Винисиус веројатно ќе го пропушти Ел Класико поради суспензија. Таа одлука допрва треба да биде соопштена.

Реклама
Arena Sport

Многу од навивачите на Реал се обидоа да го оправдаат Винисиус и да ги нападнат судиите покажувајќи разни примери. Некои од примерите имаат смисла, но некои не.

Еден од погрешните е ситуацијата со нашиот голман Димитриевски и Винисиус. Македонецот го повлече Бразилецот за дресот за да стане, а тој го турна голманот и заработи црвен картон.

Фановите покажувајќи слики алудираат дека Димитриевски го фатил Винисус за коса, но во коментари на ваквите твитови има видеа и слики кои јасно покажуваат дека нашиот голман не ја ни допре косата на фудбалерот на Реал Мадрид.

Ваквиот пример е чиста манипулации од страна на навивачите на Реал Мадрид.

Реклама
Arena Sport