Комо синоќа со 4-1 го победи Манчестер Јунајтед, а нивниот тренер, Сеск Фабрегас открива дека на своите фудбалери им рекол да го намалат темпото во финишот, тој жали за тоа бидејќи го смета како причина за примениот гол во финишот.
Јунајтед постигна гол во судиското продолжение, а Фабрегас жали што не победиле со чиста мрежа.
„Жалам што во последните десет минути им реков на фудбалерите да подзапрат, да го намалат темпото бидејќи имаме и друг меч и дека при водство од 4-0 можеме да ги менаџираме работите на теренот. Му реков на Тасос Довикас да престане да трча, да биде во средината и веројатно жалам за тоа бидејќи јас сум првиот кој секогаш ги притиска да се борат до крај. И тој примен гол ме боли. Се случи бидејќи го намаливме интензитетот и го спуштивме блокот, но тоа беше моја вина и ме боли“, рече Фабрегас.
🗣️ Cesc Fàbregas: "I told them to slow down at 4-0." https://t.co/zrn2QHQOVt
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) October 22, 2026