Фудбал

Уште еден чекор напред кон магичниот јубилеј за Кристијано Роналдо

Уште еден чекор напред кон магичниот јубилеј за Кристијано Роналдо

Португалецот стигна до својот 979-ти гол во кариерата.

Ал Наср ја продолжи победничката серија и го запиша шестиот триумф во исто толку одиграни натпревари сезонава, откако на домашен терен ја совлада екипата на Абха со 2:1. Херој на тимот од Ријад уште еднаш беше еден од најдобрите фудбалери во историјата – Кристијано Роналдо.

Португалскиот ас го постигна својот 979-ти погодок во кариерата, со што уште повеќе се доближи до неверојатниот јубилеј од 1.000 голови на официјалните мечеви.

Покрај Роналдо, стрелец за победничката екипа беше и Абдулах Ал Хамдан, додека единствениот гол за гостите беше дело на поранешната ѕвезда на Лион и Бетис, Набил Фекир.

Ал Наср влезе во новата сезона со јасни шампионски амбиции, а со ваква форма на нивниот предводник, тимот од стадионот „Кралот Сауд“ изгледа незапирливо.