Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен повторно колабираше среде натпревар, овојпат тоа се случи на пријателскиот меч меѓу Данска и Украина.
Ериксен пред пет години ја исплаши фудбалската јавност кога на меч од Европското првенство доживеа срцев удар. Се опорави од тоа и продолжи да игра.
Но, денеска повторно му се случи истото, во 65. минута од мечот со Украина, Ериксен повторно колабираше на теренот.
Медицинската екипа веднаш интервенираше и по неколку минути Ериксен со амбулатно возило беше изнесен од теренот.
Christian Eriksen collapsing on the Pitch.💔 pic.twitter.com/nqu4PBz4KZ
— Football Fans Tribe 🇳🇬 ⚽ (@FansTribeHQ) June 7, 2026
„Тешко е да се најдат зборови за да се опише што се случува. Сите играчи ги опкружуваат Ериксен и неговата сопруга на пат кон амбулантното возило, кое е подготвено да ги однесе од стадионот“, објави данската ТВ2.
За среќа, последните информации од Одензе велат дека Ериксен се чувствува добро и, што е најважно, е при свест. Главниот судија веднаш откако данскиот фудбалер беше изнесен од теренот, означи крај на натпреварот, при водство на домаќините со 2-1.
Овој настан веројатно ќе значи и крај на фудбалската кариера за Кристијан Ериксен.