Фудбал

УЕФА не планира да ја следи ФИФА и да воведе „паузи за реклами“

УЕФА не планира да ја следи ФИФА и да воведе „паузи за реклами“

УЕФА останува на ставот дека нема потреба од задолжителни паузи за хидратација во своите натпреварувања, и покрај тоа што ФИФА веќе ја применува оваа практика на меѓународната сцена.

Од европската фудбалска организација посочуваат дека условите за игра значително се разликуваат од натпревар до натпревар, па затоа не гледаат причина ваквата мерка автоматски да се применува на секој дуел во Лигата на шампионите, Лига Европа или на идните европски првенства.

Правилото за освежување беше воведено со цел да се заштити здравјето на фудбалерите во екстремно топли временски услови, но ФИФА во последниот период го користи и на натпревари каде температурите не се особено високи. Токму тоа предизвика различни реакции кај јавноста и дел од фудбалските работници.

Според УЕФА, судиите и делегатите и понатаму ќе имаат можност да реагираат во исклучителни ситуации кога временските услови го наложуваат тоа, но засега нема намера ова да стане задолжително правило во сите европски натпреварувања.