Фудбал

ТФТ убедливо поразен во АБА 2, играше само со шест кошаркари!

ТФТ убедливо поразен во АБА 2, играше само со шест кошаркари!

Македонскиот вицешампион, тимот на ТФТ Скопје доживеа тежок пораз на гостувањето кај Слобода Тузла, загуби со 61-106, нашиот претставник играше само со шест македонски кошаркари.

Од засега непознати причини, веројатно поврзани со регистрација, ТФТ Скопје настапи со шест кошаркари, сите Македонци. Смилковски на располагање ги имаше Матеј Митревски, Тома Стојаноски, Ѓорѓи Цветковски, Страхил Николов, Григориј Ѓорѓевиќ и Димитар Иванов.

Странските засилувања отпатуваа во Тузла, но не можеа да настапат, не беше ниту најавеното засилување Отас Ијекекполор.

Ваквите проблеми го направија ТФТ неконкурентен на овој натпревар и убедливиот пораз беше неизбежен.

Најефикасен во македонскиот тим беше Стојаноски со 25 поени, Николов и Ѓорѓевиќ постигнаа по 12.