Селекторот на Англија, Томас Тухел, призна дека е загрижен за физичката подготвеност на своите играчи, но изрази восхит за нивната храброст по историската победа од 6-4 над Франција во мечот за третото место на Светското првенство.
Германскиот тренер го анализираше лудиот меч во Мајами, заморот во таборот на „Трите лава“ и брилијантноста на хероите Букајо Сака и Џуд Белингам .
„Имавме брилијанто прво полувреме, а потоа и турбулентно второ. Во еден момент разликата од еден ден повеќе одмор која ја имаа Французите беше очигледна. Бевме толку многу исцрпени и изморени од последните неколку недели. Затоа давам огромен комплимент и целосно почитување кон менталитетот кој го покажаа моите играчи. Да се надминеме после сите тие потешкотии беше брилијантно“, рече Тухел.
Германецот откри дека имал сериозни загрижености пред почетокот на натпреварот поради нееднаквоста во третманот на двата тима за време на елиминациите.
„Се плашев од физичките барања на овој натпревар. Ја знаеме класата и брзината на Франција, а нивниот распоред беше многу полесен и помалку напорен. Имаа дополнителен ден помеѓу полуфиналињата за да го надминат заморот, а мораа да патуваат и на многу пократки растојанија од нас. Игравме во жештина, игравме на голема надморска височина. Бев физички загрижен – тоа беше очигледно во второто полувреме со грчевите и целиот замор, но никогаш не се сомневав во карактерот на момците. Овој тим создаде нешто многу посебно и повторно го докажа тоа“, изјави селекторот на Англија.