Фудбал

Турците не дадоа гол по 62 шута, а Монтела вели: Не сум видел вакво нешто во 35 години во фудбалот!

Турците не дадоа гол по 62 шута, а Монтела вели: Не сум видел вакво нешто во 35 години во фудбалот!

Турција е едно од најголемите разочарувања на Светското првенство, откако по два порази од Австралија (2-0) и Парагвај (1-0) остана без шанси за место во нокаут фазата.

Она што е навистина неверојатно е податокот дека Турците на овие два натпревари упатија дури 62 шута кон противничкиот гол, а притоа не успеаја ниту еднаш да ја затресат мрежата. На овој необичен статистички податок се осврна и селекторот Винченцо Монтела.

Во фудбалот сум 35 години. Вакви работи обично се случуваат еднаш во 50 години, а нам ни се случија во два натпревари. Имавме 62 удари во тие два меча, а да не зборувам за поседот на топката. Среќата едноставно не беше на наша страна“, изјави Монтела.

Турција во последното коло ќе игра против САД, но натпреварот ќе има само формално значење бидејќи селекцијата веќе ги загуби шансите за пласман во осминафиналето.