Македонскиот стратег продолжува со добрите резултати на клупата на љубљанскиот клуб, кој сега има само три бода помалку од лидерот во словенечкото првенство.
Олимпија Љубљана продолжува со одличните настапи под водство на македонскиот тренер Југослав Тренчовски, а најновата потврда за добрата форма пристигна во најважниот натпревар за навивачите – вечното дерби со Марибор.
Тимот од Љубљана славеше минимална победа од 1:0 на гостувањето кај големиот ривал и освои исклучително важни три бода во борбата за врвот на табелата.
Одлуката падна во 56. минута, кога Турци ја затресе мрежата на домаќините и го постигна единствениот погодок на средбата. Олимпија успеа да ја сочува предноста до крајот и да се радува на голема победа пред гостинските навивачи.
Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски, кој настапува за Олимпија, во игра влезе во 69. минута и ги одигра последните дваесетина минути од дербито.
Со овој триумф, тимот на Тренчовски стигна до 22 бода и се наоѓа на само три бода од лидерската позиција на која се наоѓа Копер, а го стигна и Марибор кој е на втората позиција со 24 бода.