Фудбал

Трамп му најде подобра позиција на Инфантино, ФИФА ќе добие нов претседател!?

Трамп му најде подобра позиција на Инфантино, ФИФА ќе добие нов претседател!?

Според „Њујорк Пост“, актуелниот претседател на ФИФА Џани Инфантино е сериозен кандидат за функцијата генерален секретар на ОН, а идејата доаѓа од Доналд Трамп.

Џани Инфантино се подготвува за нов мандат на чело на ФИФА, но информациите укажуваат дека тој би можел да ја напушти функцијата. Весникот „Њујорк Пост“ објави дека Инфантино е сериозен кандидат за генерален секретар на Обединетите нации.

Зад оваа идеја стои американскиот претседател Доналд Трамп, кој со Инфантино има блиска соработка. Трамп го гледа Инфантино како идеален наследник на Антонио Гутиереш. Досега има седум кандидати, но Трамп е убеден дека може да ја истурка идејата преку Советот за безбедност и Собранието на ОН.

Советникот на Трамп, Паоло Замполи, потврди дека претседателот „ја добил оваа генијална идеја“. Тој истакна дека во ОН треба да се соработува со 193 држави, додека во ФИФА има повеќе од 200 земји членки, а резултатите на Инфантино покажуваат дека знае да раководи.

Изборот на наследник на Гутиереш е закажан за почетокот на 2027 година, а мандатот на Инфантино во ФИФА истекува следната година. Засега не е познат ставот на Инфантино, но со оглед на послушноста кон Трамп, тешко дека ќе го одбие.

Во текот на Светското првенство, Инфантино ги премолчуваше сите пропусти, сите малтретирања на делагациите од страна на обезбедувањето во САД и Канада, како и сите одбивања на визи. Дополнително тој ја прифати ургенцијата на Трамп да му го поништи црвениот картон на Балогун, што беше скандал од невидени размери.

Ваквата послушност на Инфантино се чини дека имала цена.