Рагби

Трагедија во Франција: Играч пронајден починат во хотел пред голем натпревар!

Трагедија во Франција: Играч пронајден починат во хотел пред голем натпревар!

Рагби-светот е потресен од трагичната вест за смртта на Хајрон Ендрус, 31-годишен играч на јужноафриканскиот тим Јоханесбург Лајонс, кој почина во Франција во пресрет на натпреварот против Ла Рошел во Европскиот куп на шампиони.

Ендрус бил пронајден во хотелот на островот Ил де Ре, каде што престојувал неговиот тим пред саботниот дуел. Француските власти отвориле истрага за да се утврдат околностите и причината за смртта, а предвидена е и обдукција.

Од неговиот клуб изразија длабока тага по загубата на соиграчот и упатија сочувство до неговото семејство, пријателите и сите што го познавале.

И покрај трагедијата, натпреварот меѓу Ла Рошел и Лајонс треба да се одигра според планираниот распоред, по одлука на јужноафриканскиот тим и во договор со организаторите.