Тотнем конечно се израдуваа на првата победа во Премиерлигата сезонава, откако на домашен терен го совладаа Ковентри со 3-1 во натпреварот од седмото коло.
Домаќините поведоа во 14. минута, кога Џејмс Медисон со одличен удар ја затресе мрежата на противникот за 1-0. Тотнем ја задржа предноста до паузата, иако Ковентри се обидуваше да се наметне во играта.
Гостите успеаја да израмнат на самиот почеток од второто полувреме. Џек Рудони погоди во 50. минута за 1-1 и најави неизвесно продолжение на мечот.
Сепак, Тотнем брзо возврати и во 59. минута повторно поведе. Омар Мармуш со прецизен удар го совлада противничкиот голман, додека Бен Дејвис во судиското надополнување го постави конечниот резултат од 3-1.
Посебно внимание привлече и враќањето на Дејан Кулушевски, кој по пауза од 526 дена повторно се најде во составот на Тотнем. Шведскиот репрезентативец влезе во игра од клупата за резерви, по долгото отсуство поради повреда.