Фудбал

Тотнем за два дена потроши преку 200 милиони евра за засилувања!

Тотнем за два дена потроши преку 200 милиони евра за засилувања!

Трансфер бомба во Премиер лигата, Сандро Тонали од Њукасл се сели во Тотнем за неверојатни 116 милиони евра, а вчера беше договорен и Матеуш Фернандеш за околу 100 милиони евра.

Тонали претходно имаше постигнато договор со Тотнем за личните услови и остануваше уште двата клуба да ја испеглаат сумата.

Во текот на денешниот ден сите деталите се договорени и италијанскиот фудбалер ќе биде нов играч на Тотнем.

Сумата која ќе ја плати лондонскиот клуб е 107 милиони евра фиксно, плус 9 милиони евра во бонуси. Односно вкупно 116 милиони евра.

Ова е рекордна сума која ја плаќа Тотнем за еден фудбалер.

Вчера тие го договорија и трансферот на Матеуш Фернандеш за сума од речиси 100 милиони евра.