Тенис

Толку од суспензијата, Кирјос од утре пак може да игра тенис

Толку од суспензијата, Кирјос од утре пак може да игра тенис

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос, од утре повторно има право за настап, суспензијата за позитивниот тест на кокаин му истекува денеска.

Кирјос беше позитивен на кокаин за време на АТП турнир во Мајорка во јуни, а е суспендиран од 4. август.

Сепак, антидопинг комисијата утврди дека тенисерот го земал кокаионот надвор од натпреварувањето.

Да бил земен во текот на турнирот, тој би можел да добие суспензија и до четири години.

Но, Меѓународната агенција за интегритет на тенисот, прво му изрече суспензија од три месеци, а потоа ја намали на еден месец со услов да помине одредена програма за рахабилитација.

Тоа значи дека суспензијата му завршува на 4 септември и тој повторно може да игра тенис.