Тенис

ТК Евросет домаќин на Државното тениско првенство за ветерани

ТК Евросет домаќин на Државното тениско првенство за ветерани

Престојниот викенд во тенискиот клуб Евросет од Скопје ќе се одржи државното првенство во тенис за ветерани и ветеранки.

Во сабота од 9 часот ќе почне најважниот турнир во сезоната за тениските ветерани (30+ години и 50+ години) и ветеранки (30+ години) во Македонија, државното првенство.

Овојпат тоа ќе се одржи на терените на тенискиот клуб Евросет на Зајчев Рид во Скопје.

Пријавени се повеќе од 30 ветерани и осум ветеранки.

Натпреварите ќе се играат од 5. до 7. септември.