Фудбал

Тиквеш: Направена е техничка грешка, а не фалсификат на документи!

Тиквеш: Направена е техничка грешка, а не фалсификат на документи!

Фудбалскиот клуб Тиквеш излезе со реакција по повод жалбата на Вардар кој обвини за неправилности во документацијата на Висдом Окере.

Од Тиквеш велат дека Окере има направено уреден лекарски преглед како и сите останати фудбалери, но настаната е техничка грешка при внесувањето на податоците.

Кавадаречкиот клуб категорично ги отфрла обвиненијата за фалсификат на документацијата и го приложува лекарскиот документ на Окере.