Денеска во рамки на 12. коло од Првата македонска фудбалска лига ќе се одиграат два натпревари. Најпрво Тиквеш ѝ гостува на Шкендија Арачиново во Чаир, додека Брегалница ќе ја пречека тетовска Шкендија.
Тиквеш е во серија од неколку добри резултати во домашниот шампионат и сака да продолжи во истиот ритам, додека Шкендија (А) се соочува со криза и има три порази на последните четири меча.
Кавадрчани не го забораваат ниту поразот на стартот на сезоната од Шкендија (А), па денеска имаат мотив повеќе за да ги освојат трите бодови.
Натпреварот меѓу Шкендија (А) и Тиквеш се игра денеска од 12 часот.
Шкендија е лидер во првата лига и сака да остане по гостувањето во Штип, но Брегалница нема да биде лесен противник за тетовскиот тим.
Нивниот прв меѓусебен натпревар оваа сезона понуди дури пет голови, односно Шкендија славеше со 4-1, но овој па Брегалница на своја страна ќе ја има и публиката.
Пресметката меѓу Брегалница и Шкендија е закажана за денеска од 14.30 часот.