Македонската одбојкарска репрезентација од утре го почнува настапот на Европското првенство во одбојка, натпреварите низ директни преноси ќе може да ги следите на Арена Спорт Македонија.
Термините не се идеални, три од петте натпревари почнуваат од 15 часот, два се од 18 часот.
Утре отвораме против домаќинот Бугарија, тој дуел е од 18 часот. Во петок играме со Украина, во недела со Полска, во вторник со Бугарија и групната фаза ја завршуваме во среда против Израел.
