Поранешниот стратег на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, повторно се потсети на периодот во кој соработуваше со Кристијано Роналдо и откри што најмногу му пречело во однесувањето на португалската ѕвезда.
Холандскиот тренер, кој го предводеше англискиот гигант од 2022 до 2024 година, тврди дека Роналдо не ги исполнувал неговите очекувања на тренинзите и дека неговиот однос влијаел негативно врз екипата.
„Го изневери тимот, а мене ме разочара, затоа што сметавме на него“, изјави Тен Хаг во интервју за „Атлетик“.
Тен Хаг го обвини Роналдо дека не се движел доволно кога неговиот тим ја имал топката, ниту кога се бранел.
„Секој врвен тим мора да се приспособи на својот најдобар играч, но и најдобриот играч мора да работи за тимот“, кажа Холанѓанецот.