Фудбал

Тен Хаг: Манчестер јунајтед може да испадне од Премиерлигата!

Тен Хаг: Манчестер јунајтед може да испадне од Премиерлигата!

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг смета дека испаѓање на премиерлигашот од елитата не е невозможно, особено ако тимот наскоро не ја прекине резултатската криза.

Тен Хаг испрати сериозно предупредување до „црвените ѓаволи“, кои се без победа на последните девет меча во сите натпреварувања.

„Во Премиерлигата тоа секако е можно, бидејќи сите екипи се силни. Имаат квалитетни состави и добри тренери. Ако еднаш тргнете во погрешна насока и влезете во негативна спирала, ситуацијата може да стане навистина, навистина тешка“, изјави Тен Хаг за „ЕСПН“.

Холанѓанецот зборуваше и за неговиот период на клупата на англискиот гигант, при што потсети дека ги освоил ФА-купот и Лига Купот.

„Пред нашето доаѓање, шест години тимот немаше освоено трофеј. Погледнете каде се наоѓаат сега“, кажа Тен Хаг.

Јунајтед по девет одиграни натпревари се наоѓа на 17. позиција во лигата со сеудм освоени бодови.