Новак Ѓоковиќ не беше единствената жртва на Ринки Хиџиката на Мастерсот во Париз. Австралискиот тенисер ја продолжи одличната серија и во осминафиналето, каде што по пресврт го совлада Томас Мартин Ечевери со 2-1 (2:6, 6:3, 7:5).
Сценариото беше речиси идентично како на претходниот натпревар против српскиот ас. Хиџиката повторно го загуби воведниот сет, но потоа се разигра, ја презеде контролата и со два освоени сета во низа го завери пласманот меѓу најдобрите осум.
За Австралиецот ова е најголем успех на Мастерс-турнирите во досегашната кариера, а со победата над Аргентинецот обезбеди и скок до најмалку 59. позиција на светската ранг-листа.
Во четвртфиналето го очекува дуел со подобриот од пресметката меѓу Лоренцо Музети и Артур Ван Аш.