Фудбал

Тенерифе со нови детали за Де Мигел по драмата во Шпанија (ВИДЕО)

Тенерифе со нови детали за Де Мигел по драмата во Шпанија (ВИДЕО)

Шпанскиот клуб Тенерифе објави ново соопштение за здравствената состојба на својот фудбалер Хесус де Мигел, кој по драматичниот инцидент на натпреварот беше пренесен во болница.

Од клубот информираат дека Де Мигел е примен на одделението за интензивна нега во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“. Неговата состојба е стабилна, и покрај сериозноста на здравствената состојба.

Медицинскиот тим на болницата продолжува да се грижи за фудбалерот, а наскоро се очекуваат нови детали за фудбалерот.