Фудбал

Тежок удар за Баерн Минхен по пресметката со Арсенал: Остана без клучен играч во следните два месеци

Тежок удар за Баерн Минхен по пресметката со Арсенал: Остана без клучен играч во следните два месеци

Колумбискиот офанзивец заработи повреда на мускулот на левата натколеница на дуелот со Арсенал, а според првичните процени би можел да пропушти неколку важни натпревари во продолжението од сезоната.

Баерн Минхен се соочува со сериозен проблем во офанзивата, откако Луис Дијаз се повреди на натпреварот против Арсенал во Лигата на шампионите, кој заврши нерешено 2:2.

Според информациите, колумбискиот репрезентативец би можел да биде надвор од терените од четири до шест недели поради мала мускулна руптура на задната ложа на левата натколеница.

Дијаз влезе во игра во 68. минута, но не го дочека крајот на натпреварот. Поради болките, мораше да биде заменет во завршницата од средбата, што предизвика загриженост во таборот на германскиот шампион.

Доколку се потврдат првичните процени за должината на паузата, Баерн би можел да биде без еден од своите најважни офанзивци на неколку значајни натпревари.

Колумбиецот веројатно ќе ги пропушти дуелите против Фрајбург и Магдебург, како и дербито со Борусија Дортмунд. Под знак прашалник би биле и неговите настапи против Атлетико Мадрид, Мајнц и Келн.

Повредата доаѓа во незгоден момент за тимот на Венсан Компани, особено ако се земе предвид формата на Дијаз во изминатиот период. Крилниот напаѓач неодамна постигна хет-трик и забележа асистенција во убедливата победа од 6:1 против РБ Лајпциг во Бундеслигата.

Баерн сè уште нема официјално потврдено колку точно ќе трае паузата на Колумбиецот, но доколку прогнозите се покажат точни, германскиот гигант ќе мора да најде решение за неговото отсуство во исклучително важен дел од сезоната.