Други спортови

Тежок пад на еден од фаворитите на Тур д Франс, за него турнејата е завршена (ВИДЕО)

Тежок пад на еден од фаворитите на Тур д Франс, за него турнејата е завршена (ВИДЕО)

Данскиот велосипедист доживеа пад на 21 километри пред крајот на 14-тата етапа, а првичните прогнози велат дека има скршеница на клучната коска.

Драматични сцени на Тур д Франс. Фаворитот на турнејата, данскиот велосипедист Јонас Вингегор (29) доживеа сериозен пад на 14-тата етапа од Шампањол до Плато де Солезон и мораше предвреме да ја заврши трката. На 22 километри од целта, Данецот се лизна на десна кривина на кружен тек, падна на десно рамо и не можеше да продолжи. Првичните прогнози укажуваат на скршена клучна коска. Двократниот победник на турнејата беше пренесен со амбулантно возило во болница.

Во моментот на падот, Вингегор беше втор во генералниот пласман, четири и пол минути зад фаворитот
Тадеј Погачар (27). Вингегор веројатно влезе во кривината пребрзо.

Покрај Вингегор, меѓу оние кои се судрија беше Исак дел Торо. Тој ја продолжи трката, како и Џаи Хиндли. Четвртиот возач кој се судри беше Сеп Купс.

Етапата продолжи, додека Вингегор беше пренсен во болница. Вингегор беше победник на Тур д Франс во 2022 и 2023 година. Носителот на жолтата маичка Погачар успеа да го избегне судирот.