Фудбал

Таневски емотивно се збогува со Скопје, тимот од Автокоманда ќе има нов тренер

Таневски емотивно се збогува со Скопје, тимот од Автокоманда ќе има нов тренер

Новиот прволигаш, ФК Скопје во новата сезона ќе има нов тренер. Александар Таневски и официјално замина од клубот.

Селекторот на Македонија до 20 години, имаше емотивно збогување од Скопје преку социјалните мрежи.

„Некои одлуки во фудбалот се најтешки токму кога има почит и заеднички успех. Не си заминувам од ФК Скопје затоа што не го сакам клубот, играчите, навивачите и луѓето од населбата. Напротив – токму поради сè што поминавме заедно, оваа одлука ми е тешка. Заедно создадовме тим, атмосфера и успех на кој сите можеме да бидеме горди. Го вративме клубот таму каде што заслужува да биде – во Првата лига. Но понекогаш, колку и да сакаш нешто, мора да прифатиш дека некои приказни треба да завршат додека сè уште има достоинство, почит и убави спомени. Ви благодарам на играчите, стручниот штаб, навивачите и сите што беа дел од оваа сезона. ФК Скопје секогаш ќе има посебно место во моето срце“, објави Таневски.