Некогашниот селектор на фудбалската репрезентација на Данска и еден од најценетите скандинавски стручњаци, Бо „Босе“ Јохансон, почина на 83-годишна возраст, потврди неговото семејство за скандинавските медиуми.
Јохансон ќе остане запомнет како архитект на еден од најголемите успеси во историјата на данскиот фудбал. Тој ја предводеше репрезентацијата на Данска во периодот од 1996 до 2000 година, а највисокиот дострел го оствари на Светското првенство во Франција 1998 година, кога Данците стигнаа до историското четврт-финале.
Во текот на својата богата тренерска кариера, Швеѓанецот остави длабок траг раководејќи со репрезентациите на Данска и Исланд. На клупски план ги водеше Гетеборг, Брондби, Силекрборг, Хелсинборг, Алборг, а беше кратко и во грчкиот Паниониос.
Неговата смрт претставува голем загуба за скандинавскиот фудбал, каде што остави неизбришлива трага со својот професионализам, смиреност и спортски успеси.
Јохансон беше селектор на Данска од 1996 до 2000 година. Исланд го водеше од 1990 до 1991 година. Ја предводеше данската селекција на ЕП 2000 година.



