Фудбал

Тажен ден за фудбалот: Почина поранешен репрезентативец на Белгија

Тажен ден за фудбалот: Почина поранешен репрезентативец на Белгија

По тешко боледување, почина екс фудбалер кој седум пати го носеше дресот на Белгија.

По страшните вести за смртта на фудбалерот на Тенерифе, Хесус Де Мигуел, тажниот ден за фудбалот продолжува со веста дека почина поранешниот белгиски репрезентативец Тони Броњо по тешко боледување.

Броњо седум пати го носеше дресот на националниот тим на Белгија од 1998 до 2000 година, кога како напаѓач играше за Вестерло.

Покрај Вестерло, играше и во Шарлероа, Лувен, Седан и Олимпик Шарлероа.

„Со голема тага соопштуваме дека почина поранешниот член на репрезентацијата, Тони Броњо. Нашите мисли се со семејството на Тони во овие тешки моменти“, напишаа од белгиската репрезентација на социјалните мрежи.