Играчот на малтешкиот тим Хамрун сметаше дека судијата досудил гол-аут, па ја фати топката со рака во својот шеснесетник, по што беше досуден пенал.
Тимот на Хамрун од Малта е елиминиран од Лигата на Конференции од тимот на Рунавик од Фарски Острови, благодарение на досуден комичен пенал од страна на судиската тројка од Луксембург на чело со Џереми Милер.
Рунавик го имаше еден од последните напади на средбата, кога фудбалерот го мина голманот, но со топката излезе во гол аут. Сепак, тој ја упати во петерецот, од каде еден играч на малтешкиот тим му ја врати на друг, со цел да изведе и Хамрун да оди во брз противнапад.
Но, на изненадување на сите судијата Милер покажа на белата точка сметајќи дека топката не го напуштила игралиштето. Сепак, од снимката нејасно се гледа дека топката е зад линијата. Судиите не реагирале, ниту главниот ниту помошникот, а сите останаа во шок.
Рунавик го реализираше пеналот, и со вкупни 3-2 се пласираше во следната фаза од Лигата на Конференции.