Фудбал

Струга ја продлабочи кризата на Силекс – трет пораз по ред на кратовци

Струга ја продлабочи кризата на Силекс – трет пораз по ред на кратовци

Стружани триумфираа со еден гол во вториот дел. Кратовскиот тим остана со само еден триумф на последните пет натпревари.

Струга ТЛ го победи тимот на Силекс со 1:0 во шестото коло во ПМФЛ. Стружани со гол во вториот дел успеа да запише три бода, а кратовската екипа го претрпе третиот пораз по ред.

Силекс имаше шанса уште по првиот дел да дојде до предност. Струга ТЛ имаше добра прилика, меѓутоа Џеков успеа со крајни напори да спаси.

Во вториот дел Струга ТЛ ја презеде иницијативата и ја круниса со гол. По големата мешаница, Ласана Диако се снајде најдобро и успеа да погоди во мрежата на Џеков.

Кратовскиот прволигаш се обиде да се врати, најдобрите шанси ги имаше Ѓерасов, кој еднаш ја погоди пречката, а еднаш шутираше непрецизно.