Стружани дојдоа до втората победа над „црвено-црните“ ова сезона. Радески беше херојот на гостите.
Возбудувањата почнаа во 8. минута кога беше досуден пенал за Вардар, но потоа и поништен со оглед дека претходно имало офсајд.
Од тогаш иницијативата ја презема Струга ТЛ, и почнува „канонада“ по голот на Вардар. Најпрво во 25. минута Исмајли шутираше прецизно, Талески ја чепна топката и таа заврши во стативата. Една минута подоцна истиот играч шутира само крај голот.
Во 31. минута Струга ТЛ поведе од третата шасна. Фал центрираше од левата страна, на вториот дирек осамен Радески кој од прва стрелаше во голот на Вардар.
Во вториот дел Вардар одлично почна, особено се форсираше левата страна каде што беше Маневски. Токму тој му центрираше на Данев кој во 53. минута се најде во супер шанса, меѓутоа Василев магично одбрани.
Следуваа шанси за Струга ТЛ преку противнапади. Исмајли во 62. минута излезе сам пред Талески, но вардаровиот голман одбрани. Талески го одбрани и ударот на Малески во 63. минута, а потоа во 72. минута Хамза шутираше над голот.
Вардар падна во финишот, немаше веќе сила да создава шанси и покрај тоа што имаше уфрлања во шеснасетникот, но на крајот Струга ТЛ се одбрани и успеа да освои големи три бода.