Струга Трим Лум се пофали со ново засилување, централниот дефанзивец Анди Демири стави потпис за струшкиот тим.
Се работи за млад, 19 годишен фудбалер кој се развивал во Франција.
Демири најпрво бил дел од погонот на Вашкел, а во 2024 година се префрлил во младинската академија на Лил.
Во меѓувреме тој има настапи за Косово до 19 години и тренинзи со сениорскиот тим.
Демири кој има француско и косовско државјанство, се обврза на двегодишна верност со Струга.