Фудбал

Струга ги победи арачиновци во Чаир и се качи на врвот!

Струга ги победи арачиновци во Чаир и се качи на врвот!

Во првиот натпревар од 10. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Струга ја победи Шкендија Арачиново на мечот кој се играше на стадионот во Чаир.

По неочекуваниот пораз од Башкими, Струга им се врати на победите. Денеска одиграа многу подобар натпревар и ги освоија трите бода.

Резултатот беше отворен уште во деветата минута кога Бојку ја затресе мрежата на домашниот тим за водство од 1-0.

Струга продолжи да напаѓа барајќи втор гол, во 26. минута се случи клучниот момент на натпреварот. Дефанзивецот на Шкендија Арачиново, Мартин Тодоров, направи фаул за пенал и доби црвен картон. Од белата точка реализираше Марјан Радески за за предноста на гостите од 2-0.

Во второто полувреме Струга само рутински ја одржа предноста и го заклучи натпреварот, конечниот резултат беше 2-0 за нив.

Струга сега има 20 бодови со кои се качи на првото место на табелата со ист број на бодови како и Шкендија Тетово, но има подобра гол разлика. Тетовскиот тим допрва треба да го одигра својот меч од ова коло, ќе се сретнат со последнопласираниот Скопје.