Огромно засилување во најава за актуелниот првак на Македонија.
Цели 16 години поминаа откако Стефан Ристовски го напушти Вардар, би можел да се врати во редовите на „црвено-црните“. Искусниот десен бек кареирата ја градеше во Италија, во Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина, па потоа во Хрватска, во Ријека, отиде и во Португалија, во Спортинг Лисабон, па во Динамо Загреб, и од 2025 година до 2026 играше за Сараево.
Согласно информациите, во следните часови Ристовски би требало да го комплетира „кам-бекот“ меѓу црвено-црните, кои би добиле огромно засилување во обидот да ја одбранат титулата, и покрај тоа што заостануваат во моментов осум бодови од тимот на Шкендија.
Ристовски има и искуство со репрезентацијата на Македонија, за која играше 82 пати, и постигна два гола.
Со него Вардар добива искусно име во своите редови, вистински лидер и капитен кој ќе треба да претставува огромно засилување. Останува да се види дали овој трансфер ќе биде реализиран. Тој во моментов е слободен агент, откако го напушти тимот на Сараево.