Фудбал

Статистика која покажува зошто Англија го загуби мечот – катастрофална тактика на Тухел (ФОТО)

Статистика која покажува зошто Англија го загуби мечот – катастрофална тактика на Тухел (ФОТО)

Томас Тухел е виновникот за поразот на Англија од Аргентина, германскиот стратег е мета на сите кои знаат фудбал, неговите тактички решенија се покажаа како ужасно погрешни.

Статистиката вели дека откако Англија го даде голот (55 минута) па до вториот гол на Аргентина (92 минута), Англичаните имале само 12 проценти посед на топка, додека Аргентинците дури 88 проценти.

Томас Тухел реши да се брани со низок блок, такви му беа и замените. Англија се бранеше и ептен лошо го правеше тоа. Играа со сите во дефанзива и пак им дозволуваа на Аргентинците да креираат шанси колку што сакаат.

Англија се бранеше со сите фудбалери, а во тој период Аргентина двапати погоди статива, Пикфорд имаше неколку чудесни одбрани и Англичаните примија два гола.

Тухел е критикуван за одлуката комплетно да се повлече иако имаше уште многу за играње. А кога веќе одлучи да се брани, тоа го правеа ептен лошо.