Формула 1

Стартуваше од 19. место и победи – луда трка на Антонели во Монца!

Стартуваше од 19. место и победи – луда трка на Антонели во Монца!

Возачот на Мерцедес, Кими Антонели имаше сензационално возење на патеката во Монца, стартуваше од 19. место, а заврши на првото.

Домашниот тим, Ферари, немаше успешен ден, но домашниот возач, Кими Антонели имаше спектакуларана трка.

Шарл Леклер тргна добро, се проби на втората позиција, но брзо изгуби контрола на болидот и заврши во бариерата.

Следуваа битки на Расел и Ферстапен додека Антонели се пробиваше напред. Италијанецот полека ги минуваше конкурентите, стигна до првата позиција и остана таму.

Неговиот клупски колега, Џорџ Расел беше втор, а место на подиумот имаше и за Макс Ферстапен.

Во топ десет завршија и Ландо Норис, Оскар Пјастри, Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Арвид Линдблад, Франко Колапинто и Јуки Цунода.