Фудбал

Срцепарателно: Фудбалер на Бетис плачеше како мало дете затоа што мораше да го напушти клубот (ВИДЕО)

Срцепарателно: Фудбалер на Бетис плачеше како мало дете затоа што мораше да го напушти клубот (ВИДЕО)

Младиот фудбалер цели 15 години беше дел од клубот од Севилја, а сега кариерата ќе ја продолжи во Расинг Сантандер.

Една од најемотивните сцени од последниот ден на летниот преоден рок доаѓа од Севилја. Пабло Гарсија со солзи во очите го напушти Бетис, клубот во кој ја помина речиси целата своја досегашна кариера, а во тешкиот момент со него беше и неговата мајка.

20-годишниот Гарсија беше дел од академијата на Бетис уште од најмладите категории. Во клубот пристигнал како петгодишно момче и низ годините ги минал сите младински категории, пред да стигне до првиот тим. По цели 15 години поминати во зелено-белиот дрес, сега мораше да се збогува со клубот.

Камерите го забележаа моментот кога Гарсија, по преземањето на своите работи од клупските простории, влезе во автомобилот управуван од неговата мајка. И двајцата беа видно потресени, а младиот фудбалер не можеше да ги запре солзите.

Гарсија речиси и да не можеше да зборува со присутните новинари и навивачи. Сепак, низ солзи успеа да испрати порака до навивачите на Бетис.

„Се надевам дека сè ќе оди многу добро и дека ќе бидеме најдобри во Лигата на шампионите оваа сезона. Голем поздрав до сите мои Бетикоси“, порача Гарсија.

Pablo García and his mother were seen crying as they left Betis’ stadium. He has been at Betis since he was 5 and was sold today to Racing Santander
by
u/greenwhitehell in
soccer