Додека се средуваат импресиите од ова Светско првенство, веќе се познати шест земји кои ќе настапат на идното за четири години.
Новиот владетел на планетата е шпанската репрезентација, која го освои своето второ Светско првенство, прво по Јужна Африка во 2010 година.
Следното светско првенство ќе се одржи во 2030 година. Сè уште не е познато дали повторно ќе учествуваат 48 репрезентации или ќе се прошири на 64 екипи.
Она што е познато, сепак, се шесте учесници на тоа првенство. Покрај домаќините Португалија, Шпанија и Мароко, „гостинските организатори“ Уругвај, Аргентина и Парагвај исто така обезбедија директна квалификација за Светското првенство, и ќе бидат домаќини само на еден натпревар на стогодишнината од првото Светско првенство.
Ова особено ќе влијае на квалификациите во Јужна Америка и ќе ги направи бесмислени, бидејќи ќе имаат само седум учесници, од кои шест ќе одат директно на Светското првенство, а уште еден ќе го бара своето место преку меѓуконтиненталниот плејоф, па затоа има големи шанси да се пласираат сите јужноамерикански репрезентации на следното Светско првенство.