Фудбал

Списокот на Македонија: Се враќаат Серафимов, Деспотовски, Чурлинов, Фетаи – деби повик за Марко Ѓорѓиевски

Списокот на Македонија: Се враќаат Серафимов, Деспотовски, Чурлинов, Фетаи – деби повик за Марко Ѓорѓиевски

Селекторот Гоце Седлоски повика неколку повратници, и еден дебитант. Во селекцијата ќе го нема Бојан Миовски.

Марко Ѓорѓиевски од Шкендија ќе биде единствениот дебитант во националниот тим на Македонија за престојните натпревари со Шкотска и со Словенија.

Ова е списокот кој го објави Гоце Седлоски пред финалните два меча во Лигата на Нациите.

Повратници во репрезентацијата се Имран Фетаи, Никола Серафимов, Стефан Деспотовски, Дарко Чурлинов и Бобан Николов.

Селекторот Седлоски се одлучи да не го повика Бојан Миовски, додека заедно со Ѓорѓиевски за напаѓачка опција се и Елмин Растодер, Азер Омерагиќ и Христијан Малески.

Од минатиот список од овој отпаднаа Тихомир Костадинов, Дин Аломеровиќ, Андреј Стојчевски, Ѓорге Џеков и Ѓоко Зајков.