Натпреварот меѓу Англија и Гана на Светското првенство донесе интересна сцена уште пред првиот судиски свиреж.
Во текот на официјалното поздравување на двете селекции, камерите уловија момент во кој Џед Спенс не му подаде рака на Томас Парти. Дефанзивецот на Англија беше единствениот од својот тим кој го прескокна ганскиот репрезентативец, а снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.
Потегот веднаш отвори дебата меѓу навивачите, особено поради фактот што Парти веќе подолго време е една од најконтроверзните фигури во англискиот фудбал. Поранешниот играч на Арсенал не е омилен кај дел од јавноста поради обвиненијата за силување и сексуален напад со кои се соочуваше во Англија.
Негативниот однос кон Парти можеше да се почувствува и на трибините во Бостон. Навивачите на Англија го исвиркуваа речиси при секој негов контакт со топката, па играчот од средниот ред беше под постојан притисок во текот на целиот натпревар кој заврши без голови (0-0).
Djed Spence was the only England player who refused to shake Thomas Partey’s hand before kick-off. 🏴🤝 pic.twitter.com/CmnFLSxuxQ
— Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) June 23, 2026