Селекторот на Јувентус, Лучијано Спалети, порача дека вратите на клубот се отворени за Душан Влаховиќ, но дека српскиот напаѓач треба прв да покаже желба за да остане во Торино.
Иако во текот на летото се очекуваше разделба на Душан Влаховиќ со Јувентус, сè повеќе изгледа дека српскиот голгетер би можел да остане во Торино. Нов сигнал во таа насока стигна од тренерот на бјанконерите, Лучијано Спалети, кој со интересна изјава го коментираше статусот на српскиот напаѓач.
„Што се однесува до Влаховиќ, направив се што можев. Финансиските работи не се моја одговорност. Не сум разговарал со него од крајот на минатата сезона, но тој знае што мислам за него. Нашите директори сè уште ги држат вратите отворени, но за да се помине низ нив, прво мора да се затропа“, рече Спалети, алудирајќи на тоа дека Влаховиќ треба прв да покаже желба и да направи чекор кон решавање на ситуацијата.
Влаховиќ со месеци се поврзува со заминување од Јувентус, но трансферот сè уште не е реализиран. Главен проблем е фактот што засега нема клубови спремни да ги исполнат финансиските барања на српскиот напаѓач, поради што трансферот стагнира. Затоа сè почесто се споменува можноста српскиот репрезентативец сепак да остане во Торино и наредната сезона.
Изјавата на Спалети дополнително ги подгреа ваквите шпекулации, сугерирајќи дека вратите не се затворени, но дека е на Влаховиќ да го повлече првиот потег. Останува да се види дали двете страни ќе најдат заеднички јазик или до крајот на преодниот рок ќе се појави понуда што ќе ги задоволи сите. Иако се зборуваше за трансфер во Арсенал, Тотенхем и Барселона, моментално како најреална опција за нов клуб на српскиот репрезентативец е турскиот Бешикташ.