Фудбал

Спалети го носи Елмас во најтрофејниот клуб во калчото?

Спалети го носи Елмас во најтрофејниот клуб во калчото?

Елиф Елмас би можел повторно да се врати во италијанскиот фудбал, бидејќи Јувентус сериозно размислува да го доведе македонскиот репрезентативец во своите редови.

„Туто Меркато Веб“ пишува дека торинскиот клуб веќе воспоставил контакти со РБ Лајпциг, а најреална опција е едногодишна позајмица со право на откуп следното лето за сума од околу 15 милиони евра.

Македонецот е под договор со Лајпциг до 2028 година, но не успеа да се избори за поголема минутажа во Бундеслигата. Затоа следуваа две позајмици во Серија А, најпрво во Торино, а потоа и во Наполи.

Во Јувентус, особено тренерот Лучијано Спалети го ценат фактот што Елмас може да игра на повеќе позиции во средниот ред и нападот, што го прави една од опциите за засилување во летниот преоден рок. Покрај „бјанконерите“, неговата ситуација внимателно ја следи и Астон Вила.