Телевизија

Соопштение за јавноста

Соопштение за јавноста

Групацијата “Arena Chanels Group” ги информира гледачите и јавноста дека во раните утрински часови, некои корисници имаа потешкотии при емитувањето на дел од каналите на „Арена“.

Ова лето, Групацијата “Arena Chanels Group” е во процес на проширување на својата програмска понуда, што вклучува лансирање на голем број нови канали наменети за сите возрасти, различни интереси и поширока публика.

За време на последните технички прилагодувања, можни се краткорочни отстапувања во квалитетот на сигналот за некои корисници.

Групацијата “Arena Chanels Group” продолжува да инвестира во нови канали, содржина со повисок квалитет и постабилна инфраструктура, со цел да им обезбеди на гледачите уште подобро телевизиско искуство и сигурно следење на најважните спортски, забавни, детски, филмски и документарни содржини.