Унгарецот се согласи на продолжување на верноста со „црвените“.
Реал Мадрид залудно се надеваше на потписот на Доминик Собослаи. Унгарскиот интернационалец се согласи да го продолжи договорот со „кралевите“ до 2031 година. И новиот тренер Андони Ираола го смета Собослаи за еден од главните играчи во средниот ред во иднина. Токму Ираола имал свој придонес во потписот на фудбалерот.
Минатата сезона имаше неколку обиди за нов договор, но самиот фудбалер тогаш изјави дека нема никакви поместувања во тој однос. Неговиот актуелен договор беше со важност до 2028 година.
После неколку месеци преговори, двете страни најдоа заеднички јазик, условите се договорени, и наскоро ќе биде официјализирана и новата соработка меѓу клубот и 25-годишниот фудбалер.