Шпанската фудбалска федерација одлучи да ја продолжи суспензијата на куповите до 6 ноември, во знак на почит и солидарност по смртта на фудбалерот Хесус де Мигел.
Сите натпревари од Копа дел Реј и Копа де ла Реина, кои беа планирани за оваа недела, се одложени.
Одлуката на шпанската федерација е чин на почит кон Де Мигел, кој почина во болница откако претходно доживеа тежок судир на фудбалски натпревар.
Новиот термин за одигрување на одложените средби во куповите засега не е познат.