Реклама
Arena Sport
Одбојка

Словенија е пресилна за Србија, познати се сите четвртфинални двојки на ЕП!

Словенија е пресилна за Србија, познати се сите четвртфинални двојки на ЕП!

Србија беше немоќна во осминафиналниот дуел со Словенија, рамноправен беше само третиот сет од мечот кој Словенците го добија со максимални 3-0.

Словенија беше на друго ниво во првите два сета против Србија. Нашиот северен сосед се посрамоти во тој период од играта, Србите го загубија првиот сет со 14-25, вториот со 13-25. Тоа е неверојатно за земја која отсекогаш била во врвот на одбојката.

Реклама
Arena Sport

Србија конечно заигра во третиот сет, беше рамноправна, но загуби со 25-22, па споредено со првите два сета, играта во овој сет може да добие преодна оценка.

Ова Европско првенство за Србите ќе биде запамтено како најлошо во нивната одбојкарска историја.

Тоа беше и последниот осминафинален дуел по кој се комплетирани четвртфиналните двојкии.

Словенија ќе игра против Белгија, а останатите се Италија – Финска, Франција – Романија и Полска – Германија.

Реклама
Arena Sport