Скопје ќе биде домаќин на 23. Медитерански ракометни игри во машка конкуренција во 2027 година, по едногласната одлука на Извршниот комитет на Медитеранската ракометна конфедерација донесена на 27 август.
Турнирот ќе се одржи од 18 до 25 април 2027 година во главниот град, а право на настап ќе имаат млади ракометари родени во 2010 година и подоцна.
Овој настан претставува значајна можност за Македонија повторно да се докаже како успешен организатор на меѓународни младински натпреварувања.
Истовремено, организацијата на женското издание на првенството му беше доделена на градот Хамамет во Тунис, каде натпреварите ќе се играат од 7 до 14 март 2027 година.