Фудбал

Скопје го назначи Муарем Муарем за нов тренер

Скопје го назначи Муарем Муарем за нов тренер

Тимот од Автокоманда се одлучија за досегашниот тренер на Работнички

Скопје пред неколку дена се раздели со Александар Таневски, а стигна информација од Автокоманда дека тимот ќе го води Муарем Муарем.

Муарем во последните шест месеци го водеше Работнички, но не успеа да избори опстанок со „романтичарите“, па му требаше нов предизвик. И покрај тоа што беше поврзуван со „кам-бек“ во Башкими, сепак, на крајот не успеа да се договори со кумановскиот тим.

Муарем има тренерска кариера во Гостивар, потоа кратко беше во Башкими, па во Работнички. Сега ќе го води тимот од Автокоманда, кој има амбиции да опстане во првата сезона по „кам-бекот“ во македонската „елита“.